Search

Тотенхем нуди 50 милиони евра за Шкрињар

Англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем подготви понуда од 50 милиони евра и дополнителни бонуси за словачкиот дефанзивец од редовите на италјанскиот Интер, Милан Шкрињар.

Директорот на Тотенхем, Стив Хичен веќе разговарал со агентот на Шкрињар во Милано.

Претходно вчера „Скај Спорт Италија” откри дека барале 60 милиони евра од Интер за нивниот играч, но „петлите” не се подготвени да платат толку.

„Нероазурите” се надеваат дека ќе го продадат 25-годишниот Шкрињар, а со добиениот дел од сумата ќе го привлечат Никола Миленковиќ од Фиорентина.

Треба да знаете
Последни објави