Search

Тотенхем не го пушта Деле Али да си замине

Играчот за врска на англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем, Деле Али, нема да го менува клубот во текот на тековниот преоден рок

Според „Дејли мејл” 24-годишниот Англичанец имал конфликт со главниот тренер на Спарс, Жозе Мурињо, но управата на клубот ќе се обиде да ги реши сите недоразбирања и да го задржи Али во Лондон.

Претходно имаше информации дека ПСЖ и Реал се заинтересирани за фудбалерот.

Минатата сезона во Премиер лигата, Деле Али одигра 25 натпревари на кои постигна осум гола и оствари четири асистенции.

Треба да знаете
Последни објави