Search

Тотенхем непоразен на „Етихад“, ВАР му поништи гол на Сити во судското продолжение

Шампионот на Англија, Манчестер Сити и европскиот вицешампион, Тотенхем одиграа 2:2 во дербито на второто коло на Премиер Лигата во интересен натпревар во кој во судското продолѓение ВАР му поништи гол на домаќинот, исто како во полуфиналето на Лигата на шампионите во мај годинава.

Сити дојде во водство со погодокот на Стерлинг во 20. минута, но Тотнем изедначи по само три минути преку Ламела. Агуеро во 35. минута пак ги доведе во водство домаќините и со тој резултат се замина на полувремето. Изедначувањето дојде во 56. минута преку нововлезениот Лукас.

Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, Габриел Жесус погоди во судиското надополнување за победа од 3:2 “, но ВАР го поништи голот поради играње со рака на Ајмерик Лапорт на почетокот од акцијата.

Треба да знаете
Последни објави