Search

Тотенхем го прибира капитенот на испаднатиот Ватфорд

Тотенхем се обидува да го прибере капитенот на испаднатиот англиски фудаблски премиерлигаш Ватфорд, Трој Дини. „Петлите” бараат резерва за Хари Кејн. Во моментот, тие немаат играч на оваа позиција, откако му дозволија на Троја Парот да се пресели на позајмица во Милвол.

Откако отпадна од Премиер лигата, Вотфорд е подготвен да се раздели со Дини и некои други играчи кои добиваат високи плати. На Жозе Мурињо му се допаѓа можноста да го земе 32-годишниот напаѓач. Тотенхем првично зборуваше за позајмување на Дини, но тој има договор за уште една година со „стршлените”.

Друга опција пред „спарси” е Калум Вилсон од друг тим кој испадна оделитата – Борнмут. Сепак,тој ќе чини многу повеќе.

Треба да знаете
Последни објави