Search

Тотенхем го купи Кларк и му го остави на Лидс на позајмица

Тотенхем го објави потпишувањето на договорот со 18-годишниот напаѓач на Лидс, Џек Кларк. Договорот важи до летото 2023 година.

Сепак, фудбалерот нема да игра одма за клубот, туку ќе остане во Лидс на позајмица за следната сезона.

Претходно беше објавено дека износот на трансферот ќе биде 10 милиони евра.

Кларк во сезоната 2018/19 одигра 25 натпревари за Лидс и постигна два гола со два асистенции. Лидс не успеа да влезе во Премиер лигата, губејќи во полуфиналето од плејофот од Дерби (1:0, 2:4).

Треба да знаете
Последни објави