Search

Тортевски: Знаевме сите во СЈО дека Јанева нема капацитет

По веста дека со истаргата во „Случајот Рекет“ е опфатена и специјалната обвинителка Катица Јанева, кој од сведок по вчерашниот исказ во ОЈО, стана осомничена и беше приведена за да даде исказ пред истражен судија, се огласи на социјалните мрежи адвокатот Александар Тортевски. Тој  напиша:

-И јас и речиси целиот тим на СЈО од почеток знаевме дека жената нема капацитет за таа позиција. Заради големата слика и мисијата што ја имаше и премолчуваме. Но дека ќе завлезе во таков криминал не сум помислувал ниту во најлошиот сон.Му ја уништи надежта на цел народ за пари. Срам !

Треба да знаете
Последни објави