Search

Торонто Репторс со историска прва титула во НБА

Торонто е шампионот на НБА во сезоната 2018/19! Историскиот триумф на „диносаурусите” стана факт откако ноќеска тие се наметнаа при посетата на Голден Стејт со 114:110 (33:32; 27:25; 26:31; 28:22) во натпревар бр.6 и на овој начин ја освоија финалната серија со вкупен резултат од 4:2.

Кајл Лари се истакна со „дабл-дабл” за новите шампиони – 26 поени и 10 асистенции, Паскал Сикам исто така запиша двојни индикатори – 26 поени и 10 скока, Каваи Ленард и Фред Ванвлит додадоа по 22 поени, а Серж Ибака заврши со 15 поени.

Клеј Томпсон одбележа 30 поени за „воините”, Андре Игудала и Стеф Кари додадоа соодветно 22 и 21 поени, а Дрејмонд Грин заврши со „трипл-дабл” – 11 поени, 19 скока и 13 асистенции, но и тоа не помогна на веќе поранешните шампиони да победат и да ја испратат серијата во решителен седми натпревар.

Каваи Леонард беше избран како најкорисен (МВП) играч во финалето. Ленард го освои овој трофеј и во 2014 година како играч во Сан Антонио. Тој е само трет НБА кошаркар кој ја освоил наградата со два различни тима, по Карим-Абдул Џабар и ЛеБрон Џејмс.

Треба да знаете
Последни објави