Search

Торес ќе го игра последниот натпревар во својата професионална кариера

Напаѓачот на јапонскиот Саган Тосу, Фернандо Торес денеска ќе го одигра последниот фудбалски натпревар во својата професионална кариера. Последниот натпревар Шпанецот ќе го одигра во Тосу, против Висел Коби, состав во кој ќе бидат и неговите сонародници Андрес Иниеста и Давид Виља. Торес е светски шампион со шпанската репрезентација и двократен европски шампион.

Има трофеј во Лигата на шампионите како дел од тимот на англискиот Челзи, како и пехари од Лига Европа со Челзи и Атлетико Мадрид. За време на неговата кариера тој одигра 706 натпревари, на кои постигна 252 гола.

Треба да знаете
Последни објави