Search

Торес се врати во Манчестер сити со скршеница на стапалото

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Феран Торес нема да конкурира за составот на тимот кај англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити, бидејќи има повреда на стапалото од десната нога. Торес со репрезентацијата на Шпанија играше во финалето на Лигата на нации каде заработи повреда. Констатирано е дека има скршеница на стапалото на десната нога.

Од Сити објавија дека станува збор за „мала скршеница“, ама додаде дека во моментов не може со прецизност да се каже колку би траел процесот на рехабилитација пред да се врати на теренот.

-Торес се врати во клубот повреден, па клубот ќе продолжи да ја надгледува неговата состојба, но засега не се знае точно колку ќе трае рехабилитацијата, објави англискиот премиерлигаш.

Треба да знаете
Последни објави