Search

Торес и Атлетико – совршен крај

Фернандо Торес не можеше да посака подбар крај на својот втор мандат во Атлетико Мадрид. Во својот последен европски натпревар, во дресот на „јорганџиите“, Торес го освои трофејот во Лига Европа.

Ел Нињо, синоќа во Лион, заедно со капитенот Габи, го крена пехарот наменет за победникот во ова натпреварување, што е прва титула за напаѓачот со Атлетико.

Во два мандати, сметајќи ги настапите и во помладите категории, Фернандо Торес дресот на Атлетико го носел 15 години.

За првиот тим на Атлетико одиграл 404 натпревари и постигнал 127 гола. Дебитирал на 17-годишна возраст, во 2001 година на натпреварот против Леганес. До заминувањето во Ливерпул ја носеше капитенската лента. Торес е најмладиот капитен во историјата на клубот.

Во кариерата настапувал уште и за Ливерпул, Челси и Милан. Со Челси стана европски првак, а како член на шпанскиот национален тим има две европски и една светска титула.

Шпекулациите велат дека 34-годишниот напаѓач својата кариера ќе ја продолжи во МЛС лигата, во екипата на Чикаго Фајер.

Треба да знаете
Последни објави