Search

Торвалд Столтенберг ќе се вика улицата пред Стадионот на самиот влез на Градскиот парк

Торвалд Столтенберг ќе се вика улицата пред Стадионот на самиот влез на Градскиот парк

Годинава се навршуваат 55 години од кататсрофалниот земјотрес, но годинава и се збогуваме со големиот пријател на Скопје, Торвалд Столтенберг, чии дела скопјани се уште ги паметат, како и неговата несебична помош која ја даде по катастрофалниот земјотрес. Со негова помош се изгради Детската болница во Козле, норвешките бараки и имаше голема заслуга за координацијата на активностите на Црвениот крст на Шведска и Норвешка, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на именувањето на новата улица во градскиот Парк по таткото на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Торвалд Столтенберг ќе се вика улицата пред Стадионот на самиот влез на Градскиот парк.

-Судбината сакала овој град да е поврзан со семејството Столтенберг секогаш кога ни е тешко, додаде Шилегов кој се заблагодари на генералниот секретар на НАТО за помошта што ја дава на земјава. Искрено се надевам дека до година ќе биде генерален секретар и на Армијата на Македонија.

Столтенберг кажа дека бил мал кога се случил земјотресот во Скопје, но дека се уште ги памети разрушените згради.

-Во срцето на мојот татко секогаш инаше посебно место за Скопје и знам дека ќе беше почестен со именувањето на улица по него, рече Столтенберг на свеченоста која по овој повод се одржа во Градскиот парк, на која присуствуваат градоначалниците на сите скопски општини.

Треба да знаете
Последни објави