Search

Топлотниот бран ја наведе Германија да ја ограничи брзината на автопатиштата

Топлотниот бран и високите температури кои неделава ги погодија западна и централна Европа ги принудија властите на германскиот регион Саксонија-Анхалт, како мерка на претпазливост да им наложат на возачите да ја намалат брзината на автопатиштата.

Властите предупредија дека температурата во следните денови може да достигне до 40 Целзиусови степени во некои делови од Европа.

Министерството за транспорт во Саксонија-Анхалт воведе ограничување на брзината од 100 до 120 километри на час на некои кратки делови од автопатиштата каде што брзината обично не е ограничена.

Во вторникот вечерта, германската железница побара итна служба на станицата кај аеродромот во Дизелдорф, бидејќи во двa вагонa не работела климатизација, но никој од возот не бил евакуиран.

Треба да знаете
Последни објави