Search

Топлотен бран во Италија, активиран црвен аларм во десет градови

Топлотниот бран од Северна Африка донесе температури до 40 степени во Италија.

Десет градови се означени со црвена боја, што е предупредување за екстремно високи температури.

Според билтенот на италијанското Министерство за здравство, алармот се активира во Рим, Болоња, Торино, Фиренца, Кампобасо, Пескара, како и во градовите Риети, Фрозиноне, Болцано и Перуџа.

Како што е наведено, невреме и грмежи се очекуваат следната недела во централниот дел на Италија.

Треба да знаете
Последни објави