Search

„Топлик“ одложен, Јанакиески и Димовски не биле донесени од „Шутка“

Обвинетите Миле Јанакиески и Димитар Димовски не беа спроведени од истражниот затвор во Шутка во скопскиот Кривичен суд каде што требаше да се одржи судското рочиште за „Топлик“ на СЈО.

Судијата Осман Шабани рече дека судот не добил информација зошто не се реализирани барањата за спровод на обвинетите.

На рочиштето не присуствуваше и една од поротничките која е на боледување.

Во судницата се појави сопругата на Јанакиески.

Во „Топлик“ првоосомничен е екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“. Освен него, осомничени се уште пет лица.

Следното рочиште е закажано за 6 септември.

 

 

Треба да знаете
Последни објави