Search

Топали и Патози го иронизираа постигнатиот договор меѓу власта и опозицијата

Поранешните високи функционери на опозициската Демократска партија(ПД), Јозефина Топали и Астрит Патози, сметаат дека постигнатиот договор помеѓу власта и опозицијата за изборните реформи не е плод на подготвеноста од двете страни за излез од актуелната политичка криза.

Иронзирајќи го постигнатиот договор тие оценуваат дека тоа е последица на запирањето на судскиот процес против демократскиот лидер Љуљзим Баша за руското лобирање.

Поранешната потпртседателка на ДП и поранешна претседателка на албанскиот Парламент, Топали, која по смените во врвот на ДП се повлече од секојдневната политичка и медиумска активност, понекогаш се јавува со изјави за последните политички случувања, како и сега за формирањето „политички совет” за изборните реформи.

Во пораката на социјалните мрежи, Топали пишува дека противниците повторно заедно откако судот го отфрлил случајот, што укажува на одлуката на судот во Тирана да престане со истрагата за Лулзим Баша.

– Ете така. Откако е отфрлено судското прашање тие повторно еден до друг. Договорот е повалкан од оној во 2017 година меѓу Рама и Баша, напиша Топали.

Средбата власт – опозиција ја иронизра и поранешнот генерален секретар на ПД а сега лидер на партијата Демократско убедување, Астрит Патози.

– Ја поздравувам неотповикливата оставка на Еди Рама, премиер на Владата на криминал и дрога, кој го отвори патот за конструктивен дијалог меѓу мнозинството и парламентарната и вонпарламентарната опозиција за доброто на Албанија. Од денеска се е можно, пишува Патози на Фејсбук.

Тој индиректно потсетува на изјавите на Баша дека нема седнување на иста маса со владејачкото мнозинство доколку не замине Рама.

Треба да знаете
Последни објави