Search

Тони Надал: Кириос е лош за тенисот

Најпознатиот чичко во тенисот, Тони Надал, го прокоментира скандалозното однесување на Ник Кириос. Австралиецот се вмеша во уште еден голем скандал откако беше дисквалификуван за време на неговиот натпревар со Каспер Рууд во Рим. Кириос беше бесен од судиска одлука и користеше вулгарности, а освен тоа фрли и стол на теренот. Веднаш потоа, тој го напушти комплексот и остави зад себе бран критики и коментари.

– Тоа е лошо за тенисот. Ги видов кадрите и неговото однесување не е нормално, изјави Тони Надал, кој е човекот во основата на огромните успеси на својот внук.

Денови пред овој инцидент пак Кириос го критикуваше Рафа Надал, откако објави дека Шпанецот „е лош губитник”.

– Сочувствувам со него, но нешто не е како што треба, АТП му даде премногу публицитет. Тој игра добро, но со поинакво однесување би можел да инспирира до максимум. Тој мора да направи напор за да се промени. За него е тешко да ги издржи тензиите и тешкотијата на конкуренцијата. Не прави ништо добро за спортот и на крајот нема друга опција освен да го казнат, заврши Тони Надал

Треба да знаете
Последни објави