Search

Тоник кој ги убива сите инфекции во организмот

Основната формула на овој тоник датира од средновековна Европа, односно од времето кога постоеле многу болести и епидемиии. Овој тоник има моќ да делува како антибиотик кој ги уништува инфекциите.

Освен тоа, ја подобрува циркулацијата на крвта, го подобрува имунитетот и е одличен во борбата против кандида кај жените.

Се препорачува да се користат ракавици во текот на подготовката, особено поради ракувањето со лутите пиперки. Мирисот е многу јак и може да ја поттикне работата на синусите.

Потребни состојки:

7 дл јаболков оцет

¼ шолја ситно сецкан лук

¼ шолја ситно сецкан кромид

2 свежи лути пиперки

2 лажици рендан рен

2 лажици куркума во прав или корен од куркума

Начин на подготовка:

Во сад, добро измешајте ги сите состојки освен оцетот. Ставете ги во голема тегла од литар. Во теглата додајте го и оцетот, а потоа добро промешајте. Оставете ја теглата на суво и студено место да отстои околу 2 недели. Секој ден протресувајте, дури и по неколку пати. Процедете го и го имате извонредниот тоник.

Нема потреба да го чувате во фрижидер, бидејќи неговата трајност е долга, но избегнувајте топли простории. Пијте по 1 лажица во текот на денот. Доколку се борите против потешки болести, можете да земате и до 5-6 лажици на ден.

Треба да знаете
Последни објави