Search

Том Хенкс во преговори за филмската верзија на Пинокио

Том Хенкс е во рана фаза на преговори за претстојната фотореална анимација на Дизниевиот Пинокио, објави „Варајати“ во четвртокот. Разговорите очигледно се однесуваат на ликот Џепето.

Порталот додава дека Роберт Земекис ќе го режира проектот. Тој претходно работел со Хенкс на „Форест Гамп“, „Изгнаник“ и „Полар експрес“.

Хенкс неодамна глумеше командант во драмата за Втората светска војна „Грејхаунд“, која сега се емитува на „Епл ТВ“. Тој исто така е подготвен да го прикаже полковникот Том Паркер во претстојниот филм-биографија за Елвис Присли. Ова е филмот што го снимаше во Австралија на почетокот од оваа година, кога тој и сопругата Рита Вилсон беа тестирани позитивни на коронавирус.

Пиникио е уште еден од цртаните на Дизни што ќе добие филмска верзија по „Аладин“, „Убавицата и ѕверот“, и „Кралот лав“. Дизни прави римејк во форма на фотореална анимација на најпопуларните анимирани филмови од својата продукција.

Треба да знаете
Последни објави