Search

Том Круз одушевен од Лејди Гага и од песната за „Топ ган: Мaверик“

Том Круз не престанува да ја фали Лејди Гага за песната што таа ја напиша за неговиот нов филм „Топ ган: Маверик“.

Поп-ѕвездата го објави својот најнов сингл Hold My Hand минатиот вторник, а ѕвездата на филмот пред неколку дена гостуваше во „Лејт лејт шоу“ и зборуваше за тоа колку големо влијание има песната врз продолжението на „Топ ган“.

Круз објасни дека Гага им ја претставила својата песна нему и на Ханс Цимер, кој исто така ја компонирал музиката за филмот, откако тие се мачеле да го најдат вистинскиот спој.

„Нештата се споија на толку прекрасен начин“, се сеќава Круз на првиот пат кога ја слушнал Hold My Hand.

„Песната го отвори целиот филм. Лејди Гага е неверојатна“, му рече Круз на водителот Џејмс Корден. „Песната ги отвори вратите на емотивното јадро на филмот… во тој момент, работите се споија на толку прекрасен начин“.

„Песната е отчукање на срцето на филмот“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави