Search

Томас Тухел го носи Дембеле во Челси

Сѐ уште нема крај на сагата за фудбалерот на Барселона, Усман Дембеле. Нема конкретни информации за неговата иднина и покрај тоа што минатата недела спортскиот директор Матеу Алемани изјави дека доколку не го продолжи договорот, Дембеле ќе биде продаден до крајот на преодниот рок.

Каталонските медиуми изминатите три дена пласираат контрадикторни информации. Некои од нив тврдат дека менаџерот на Дембеле е во Барселона и можно е фудбалерот да потпише нов договор, а други извори пишуваат дека повеќе не е дел од тимот и дека клубот работи на неговото заминување.

Наводно, сериозен интерес за Дембеле покажале од Челси. Томас Тухел добро го познава Дембеле, една година му беше тренер во Борусија Дортмунд.
Германецот сметал дека со Дембеле ќе реши дел од проблемите во офанзивата.

Челси се подготвувал да испрати понуда на „Камп ноу“. Не е познато колку се подготвени да понудат за фудбалер што за пет месеци ќе биде слободен играч.

Дембеле се смета за најлошиот трансфер во историјата на Барселона. Во 2017 година клубот во овој фудбалер вложи 140.000.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави