Search

Толески го наследува Бочески на клупата кај Охрид

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Гоце Толески е новиот тренер на  второлигашот Охрид. Толески доаѓа на местото од Драган Бочески, кој минатата недела поднесе оставка после поразот во Дебар од Кораби, па на последниот меч со Пелистер, клубот го водеше помошникот Марино Маркоски, кој сега останува во стручниот штаб на Толески.

Толески тренерско искуство има од работата во Академијата на Охрид. Новиот предизвик да предводи сениорски тим го пригфати без двоумење со желба дека со серија на добри резултати ќе го извлече тимот од дното на табелата. Ќе дебитира на утрешниот дуел со Кадино на гости, каде може да биде направен и првиот чекор за бекство од дното во западната второлигашката конкуренција.

 

Треба да знаете
Последни објави