Search

Токио протестира поради инцидентот меѓу Москва и Сеул

Токио вложи протест до Сеул и Москва поради инцидентот кој се случи над Јапонското Море, кога јужнокорејски борбени авиони со истрели предупредиле руски авиони.

– Такви активности над нашата територија се неприфатливи, соопшти јапонската Влада, додавајќи дека е вложен дипломатски протест.

Јужнокорејски борбени млазни авиони отвориле оган за предупредување, откако наводно руски воен авион го нарушил воздушниот простор на Јужна Кореја.

Според јужнокорејското Министерство за одбрана, еден руски авион влегол во воздушниот простор на земјата, но Русија тоа го отфрла.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека нивни авиони не нарушиле граници на други земји и летале согласно меѓународните правила, на повеќе од 25 километри одалеченост од островот Докдо и без нарушување на воздушниот простор на Јужна Кореја.

Треба да знаете
Последни објави