Search

Токио изрази загриженост поради воените акции на Русија и Кина

Група од 10 воени бродови од Кина и Русија помина низ тесен прем н што ги дели двата најголеми јапонски острови Хоншу и Хокаидо. Токио изрази загриженост до Москва и Пекинг преку дипломатски канали поради неодамнешното заедничко минување на руската и кинеската морнарица низ теснеците Цугару и Осуми. Министерот за надворешни работи Тошимицу Мотеги на прес-конференција рече дека минувањето на руски и кинески бродови низ Цугару и Осуми е прв таков случај и дека акциите на Москва и Пекинг во близина на Јапонија се внимателно следени, како и дека е изразена загриженост преку дипломатски канали. Висок јапонски дипломат посочи дека Токио ќе продолжи со активните разговори со Москва на различни теми, вклучително и територијалното прашање. 

Треба да знаете
Последни објави