Search

Тозовац: Балашевиќ повлече нога, ама моето време уште не е дојдено

Предраг Живковиќ Тозовац (85) вчера бил примен во ЦБЦ „Драгиша Мишовиќ“ во Белград поради корона и пневмонија, а како што се  дознава претходно примил вакцина против корона вирусот.

Славниот пејач има пневмонија, а претходно примил две дози од вакцината – вакцина и ревакцинација.

Тозовац бил ревакциниран пред седум дена.

За српски Ало, тој изјавил дека очекува наскоро да биде пуштен од болница.

Не да се надевам, веќе цупкам во место и го чекам моментот кога лекарите ќе ми кажат дека може да одам. Оптимиста сум и верувам во Бога, не е дојдено моето време да одам од  овој свет- рекол еден од најпопуларните  пејачи на народна музика и додал дека многу го потресла смртта на колегата Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина од корона.

Многу ми е жал за него, ама Балашевиќ како да повлече нога…Се надевам дека што побрзо ќе го победам ова зло, јас не паметам дека нешто слично се случило – порачал Тозовац за Ало.

Неговото семејство претходно беше погодено од трагедија, кога мајка на неговата сопруга Мима, почина пред околу две недели. На 92-годишна возраст ја изгуби битката со коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави