Search

Тодороски двоен стрелец, Победа загуби со 3-2 од Колерејн во ЛШ

Младинците на Победа, актуелни шампиони на Македонија до 19 години загубија со пресврт вечерва во првиот меч од воведното коло во младинската ЛШ, на гостувањето на Колерејн во Северна Ирска, но шансите за да поминат остануваат после поразот со 2-3 пред реваншот идната среда во Прилеп.

Еден од најголемите прилепски таленти, Филип Тодороски со два гола за три минути во завршницата од првиот дел (42. и 45-та минута) најави изненадување после раното водство на Колерејн по пет минути игра со гол на Патон.

Но, домаќините успеаа за седум минути во воведните 15 од вториот дел да направат пресврт и да го искористат моментот за да дојдат до победата, откако Кемпбел во 52-та и Ватон во 59-та погодија во мрежата на прилепчани.

Голманот на Колерејн во завршните десетина минути имаше три интервенции после удари на Поп Антоски, Нанчески и Аризанкоски, но не успеаа да дојдат барем до реми.

Од 2016 година кога првпат македонски младински првак почна да игра во младинската ЛШ, никогаш македонски клуб (еднаш Вардар и трипати Шкендија) не успеале да запишат победа во еден меч, а уште помалку да поминат воведно коло во групата на шампиони.

СИТЕ ДОСЕГАШНИ НАСТАПИ НА МЛАДИНСКИТЕ ПРВАЦИ

2016/17 – Вардар – Ред Бул Салцбург 0-8 (0-5, 0-3)

2017/18 – Шкендија – Нитра 1-2 (0-1, 1-1)

2019/20 – Шкендија – Динамо Киев 2-10 (0-8, 2-2)

2021/22 – Шкендија – Хајдук 1-5 (0-2, 1-3)

Треба да знаете
Последни објави