Search

Тодоров: Сега во ВМРО-ДПМНЕ има три структури

Тодоров: Сега во ВМРО-ДПМНЕ има три структури

Поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека ВМРО-ДПМНЕ станува се поизолирана партија и делува антизападно.

-Во ВМРО-ДПМНЕ сега има три структури: Едната е прозападна која е за ЕУ и НАТО интеграција. Втората група се антизападно ориентирани. И третата е најголема група, луѓе кои се под импресии и веруваат дека се борат за Македонија. Тие се злоупотребени од една структура која партијата ја носи во еден погрешен правец. Актуелното раководство е она што ја води партијата. Кога еден лидер ќе си замине, не треба веднаш да се прогласи за почесен претседател, тоа носи раздор и можност поранешниот претседател да влијае. Не сум против што Никола Груевски е почесен претседател, јас зборам за од сега на натаму. Бидејќи така новиот претседател може да биде продолжена рака на стартиот. Слушнав информации од Малчески дека сум спремал пуч во партијата на денот на Централниот комитет. Прво, дента јас не бев во државата и само видов што се случува, дека сум исклучен. Ова е само продолжение на истиот начин на функцинирање со сплетки, интриги, кажување работи што не се вистина, рече Тодоров.

Треба да знаете
Последни објави