Search

Тодоров пред мечот со Русија: Способни сме за 40-45% шут за три поени

Селекторот на македонската кошаркарска федерација Александар Тодоров верува дека неговите избраници може да го покачат процентот на реализација на денешниот дуел со Русија, во споредба со натпреварот против Естонија во четвртокот во Скопје.

– Апсолутно нема што да загубиме. Играме против противник кој е многу поатлетски од нас. Само за потсетување колку проблеми имавме во рекетот и на тие скокови во нападот, со Естонија, по кои примивме дури 15 поени во првото полувреме. Така да, тоа е некаде каде што би барал некоја наша шанса, односно да ги неутрализираме тие нивни силни сегменти. Нормално, не со процент на реализација од 26% за три поени. А мислам дека оваа екипа е способна да ‘извлече’ еден натпревар со 40-45% во шутот за три поени, смета Тодоров.

Натпреварот во Перм почнува во 16 часот по македонско време.

Треба да знаете
Последни објави