Search

Тодоров го скрати списокот за дуелите со Естонија и Русија

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров денеска го објави списокот со 15 кошаркари на кои ќе смета на подготовките за натпреварите во Б квалификациската група од Европското првенство 2021 со Естонија и Русија. Македонската репрезентација на 20 февруари ќе ја пречека Естонија, а три дена потоа ќе и гостува на Русија. На Европското првенство в година од групата Б ќе се пласираат најдобрите две репрезентации, како и Италија, која е еден од четирите домаќини на континенталниот шампионат. Италија како еден од ко-организаторите има обезбеден настап на завршниот турнир. Покрај Италија, домаќини на ЕП-2021 ќе бидат и Чешка, Грузија и Германија.

Тодоров за утгре планира да ги прозива своите избраници, а за следниот ден напладне 12 часот го закажа и првиот тренинг во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што ќе се одигра и дуелот со Естонија.

На списокот се за овие квалификациски дуели се најдоа:
Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк-Франција)
Шејн Витингтон (Реал Бетис-Шпанија)
Стојан Ѓуроски (Евре-Франција)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд-Шпанија)
Андреј Јакимовски (РМ Баскет Торино–Италија)
Марко Миловановиќ (Јуви Кремона Баскет–Италија)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Љубомир Младеновски (Работнички-Скопје)
Виктор Ефремоски (Работнички-Скопје)
Филип Бакоч (Еуро Никел 2005–Кавадарци)
Марко Симоновски (без клупски ангажман)

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави