Search

Тодоров: Бели марамчиња за селекторот

Ако ВМРО-ДПМНЕ не формира влада тоа ќе значи уште еден пораз за актуелното раководство. Во таков случај треба веднаш да се случи мирна и демократска промена на раководството, пишува Никола Тодоров во најновата колумна за „Дојче Веле“.

-Слично како во фудбалот, така и во политиката постојат многу страсни навивачи кои секогаш се дванаесеттиот играч на стадионот. Гласно го бодрат својот тим, влегуваат во вербални расправии за својот тим, а оние кои се хулигански настроени влегуваат и во физички пресметки за својот тим. Често и го пцујат сопствениот тим и нивните омилени играчите кога ќе промашат или погрешат, но тоа не значи дека се откажале од својот омилен тим. Членовите и поддржувачите на партиите за време на изборите се однесуваат многу слично како фановите на клубовите за време на натпреварите. Некои работат активно на терен (во штабовите и преку прес конференции), а други се пасивни набљудувачи кои се радуваат на секој даден гол (гласаат за својата партија на денот на изборите). И без едните и без другите не се може. Важни се сите кои го поддржуваат омилениот тим (својата партија), пишува Тодоров.

Целата колумна моѓе да ја прочитате тука

Треба да знаете
Последни објави