Search

Тодориќ ќе остане во притвор

Судијата што ја води истрагата за хрватскиот тајкун, Ивица Тодориќ одлучи основачот на „Агрокор“, кој вчера од Велика Британија беше екстрадиран во Хрватска да остане во затворот „Реметинец“, објавија хрватските медиуми.

Предлогот на адвокатката на Тодориќ за негово пуштање на слобода беше одбиен. Адвокатката на Тодориќ бараше поништување на истражниот притвор бидејќи оцени дека неможноста на обвинителството во период од една година да ги испита сите сведоци не може да биде на штета на обвинетиот.

Британската полиција го испорача Тодориќ на хрватските колеги вчера со редовниот лет на линијата Лондон-Загреб. Тој беше во бегство една година.

Британски суд ги отфрли тврдењата на основачот на „Агрокор“, Ивица Тодориќ дека бил политички прогонуван и донесе одлука тој да биде екстрадиран во Хрватска, каде треба да му се суди за злоупотреби од над 110 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави