Search

Тодориќ искешира милион евра гаранција за да излезе од притвор

Поранешниот сопственик на „Агрокор“, Ивица Тодориќ  денеска уплати кауција од еден милион евра, по што излезе на слобода од истражниот затвор, во кој се наоѓаше по екстрадицијата од Лондон.

На денешното рочиште, кое беше свикано по потврдата за уплата на кауцијата, истражниот судија го предупреди Тодориќ дека доколку ги прекрши одредбите од кауцијата, парите ќе и припаднат на државата, а против него може да биде поводена постапка.

Бидејќи на Тодориќ му е запленет целиот имот, парите за гаранција ги собрале пријателите, рече нговата адвокатка.

На Тодориќ му се изречени и мерки на претпазливост, односно забрането му е да го напушта престојот кој го има пријавено и не смее да го напушти Загреб без одобрение на Судот. Исто така, одземена му е и патната исправа.

Тодориќ и неговите синови Иван и Анте, но и 12 лица од „Агрокор“ се осомничени за незаконско стекнување финансиска корист од над милијарда куни од „Агрокор“.

Треба да знаете
Последни објави