Search

Тодорв ги избра 12. јунаци за утрешниот дуел со Естонија

Селекторот на машката кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров го избра 12 јунаци со кои ќе атакува на старт со победа во квалификацискиот циклус за ЕП-2021 на утрешниот меч (20.15 ч.) во СЦ „Борис Трајковски“ против Естонија. Од кошаркарите кои ги имаше на располагање на неколкудневните заеднички подготвки Тодорво се одлучи за следните 12-мина: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Андреј Магдевски, Андреј Јакимовски, Шејн Витингтон, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Марко Симоновски и Кристијан Николов. Со овие играчи македонија ќе анстапи и на вториот квалифиакциски дуел кој на 23 февруари ќе го одигра со Русија во Перм.

Од листата со кандидати отпаднаа: Филип Бакоч, Виктор Ефремоски и Марко Миловановиќ кои ќе мораа да почекаат друга шанса за настап во националниот тим.

На вечерашниот тренинг препрезентаивците ги посетија претседателот на федерацијата, Перо Антиќ и спортскиот директор Тодор Гечевски.

Треба да знаете
Последни објави