Search

Тодоровска и Милевски даваа исказ за „Рекет“ во ЈО

Се проширува листата на лицата кои пристигнуваат во Јавното обинителство да дадат исказ за „Рекет“. Пристигна пензионерката Лилјана Тодоровска од Скопје која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на која и биле префрлени 720.000 евра, а набрзо и подигнати парите од нејзината сметка. По Тодорвска во ЈО беше донесе од „Шутка“ и второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец, кој заедно со Бојан Јовановски – Боки 13 се во притвор.

Засега останува тајна што изјавиле двајцата пред наделжниот обвинител.

До денеска свои искази за „Рекет“ во ЈО имаат дадено обвинителите  од СЈО: Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми, шефицата на кабинетот на Катица Јанева, а утре е повикана да го посети ЈО и самата Јанева.

Треба да знаете
Последни објави