Search

Товарен брод под либериско знаме побарал помош во близина на грчкиот остров Лезбос

Поради проблем со моторот, товарен брод под либериско знаме плови без контрола во морскиот дел меѓу грчките острови Лезбос и Скирос, а успешно биле спасени членовите на екипажот, објавија грчките медиуми.

Според истите информации, 14-те членови на екипажот побарале помош од грчките власти за да го напуштат бродот што поради големината и тежината на товарот се навалил од едната страна, јави дописничката на МИА од Атина.

Со хеликоптери „Супер пума” на грчкото воено воздухопловство биле спасени сите 14 лица и пренесени на островот Скирос.

Во морскиот дел, каде што е бродот, се наоѓаат бродови и чамци на крајбрежната служба и на воената морнарица на Грција како и два хеликоптери.

Треба да знаете
Последни објави