Search

ТНТ почна од почеток, Трајковски дојде сам на судењето, ама не е добар

Со нов состав на судечкиот совет и резервен судија поротник денеска во Основниот кривичен суд – Скопје започна од почетокот судењето за предметот „ТНТ” за уривањето на комплексот „Космос” на инвеститорот Фијат Цановски.

Огнен Ставрев, судија во предметот “ТНТ” денеска соопшти дека поради измени во поротничките редови на судечкиот совет, предметот започнува од почеток, а по барање на обвинителот Бурим Рустеми, на поранешниот премиер и азилант во Унгарија, Никола Груевски ќе му се суди во отсуство.

На денешното рочиште дојде и обвинетиот Тони Трајковски кој го извести судот дека на рочиштето дошол сам, односно не бил стражарно спроведен, а не добил ниту покана од судот за денешното рочиште. Тој на претходните рочишта не можеше да дојде, бидејќи, преку неговиот адвокат го извести судот дека бил претепан и болнички згрижен.

– Сакам адвокатот да даде податоци во мое име бидејќи имам лекарска препорака која ви е доставена и поради медицинска терапија не можам да присуствувам на рочиштето, рече Трајковски.

Неговиот адвокат, Јовица Страшевски посочи дека не е во ред Трајковски да не оди на работа, а да доаѓа на судења.
-Ова нема да трае до недоглед. Трајковски има боледување. Да не излезе тој да оди на судења, а не оди на работа. Во документот кој ви го доставив пишува“Со оглед на сегашната здравтвдна состоја, не може да следи судски рочишта“. Самата терапија која ја прима, не му дозволува да следи судења, рече Страшевски.

Судијата Огнен Ставрев рече дека од тоа што тој се разбира во медицина, во медицинската документација немало напишано ништо страшно, на што реагираше одбраната на обвинетиот тврдејќи дека од медицински аспект тој не е во можност да даде своја одбрана.

Судијата Ставрев по долгото убедување рече дека во моментов, најдобро решение би било Трајковски да седи и молчи, а никој нема да го прашува и гњави.

 

Треба да знаете
Последни објави