Search

Тијаго Силва го продолжи договорот со ПСЖ до крајот на сезоната

Неколку фудбалери на ПСЖ, чии договори истекуваат денес, ги продолжија договорите со францускиот клуб до вистинскиот крај на тековната сезона. Помеѓу нив е и дефанзивецот Тијаго Силва.

– Голманот Серхио Рико, дефанзивецот Тиаго Силва и напаѓачот Ерик Максим Шупо-Мотинг, остануваат во тимот до завршувањето на сезоната, објави францускиот шампион.

Сепак, ништо не се зборува за статусот на напаѓачот Единсон Кавани. На играчот му истекува договор со парижаните, а Уругваецот отворено изјави дека има намера да го напушти клубот.

За потсетување, француската Лига 1 заврши пред предвиденото, а ПСЖ беше прогласен за  шампион. Сепак, францускиот клуб го очекува продолжувањето на сезоната во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави