Search

Тихановскаја ги повика подржувачите да ги прекинат протестите, Лукашенко го укина интернетот

Водечката кандидатка на опозицијата на претседателските избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја, од Литванија каде се засолни по изборите, ги повика приврзаниците да сопрат со демонстрациите. Новостариот претседател, пак, Александар Лукашенко го укина интернетот во поголемиот дел од земјата за да ги смири протестите.

Тихановскаја првично одби да ги признае официјалните резултати од изборите во неделата, во време на остри судири меѓу властите и демонстрантите кои излегоа на улиците да изразат незадоволство од реизборот на долгогодишниот претседател Александар Лукашенко.

https://twitter.com/tutby/status/1293232918291243008

Таа денес им се извини на приврзаниците и изјави дека напуштањето на земјата е нејзин избор. Ги повика да го почитуваат законот и да избегнуваат судири со полицијата. Им се заблагодари за нивната поддршка и додаде дека „народот на Белорусија избрал“.

Според официјалните резултати на претседателските избори, Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите, а Тихановскаја околу 10 проценти.

https://twitter.com/tutby/status/1293129757148807169

Белорусите кои сакаат да протестираат против неговата влада претежно се отсечени од надворешниот свет: популарни апликации за пораки се оневозможени, оставајќи демонстранти да се обидуваат да најдат Ви-Фи врски и да работат на ВПН или прокси за да се обидат да се закачат на интернет и потоа да споделуваат вести кои може да ги најдат.

Треба да знаете
Последни објави