Search

Тите најде заменик на Нејмар, го повика од плажа во Израел

Напаѓачот на Челзи, Вилијан е единствениот кој профитираше од повредата на Нејмар, бидејќи беше повикан на негово место во националниот тим на Бразил за учество на Копа Америка. Голгетерот на ПСЖ настрада за време на контролниот меч со Катар вчера.

Вилијан дознал за повикот за време на неговиот престој во Израел. Тој е на одмор од 29 јуни, кога го одигра последниот натпревар за сезоната на Челзи – против Арсенал во финалето на Лига Европа.

По веста за повредата на Нејмар во социјалните мрежи навивачите на „златните” бараа да биде повикан Виничиус Жуниор од Реал Мадрид. Имаше информации дека сепак селекторот Тите го преферирал Лукас Моура од Тотенхем. На крајот, изборот падна на Вилијан.

Бразилците се домаќини на Копа Америка и се наоѓаат во група со Боливија, Венецуела и Перу. Турнирот започнува на 14 јуни со натпревар на „Селеасо” против Боливија. Претходно во недела, домаќините ќе се сретнат со Хондурас во контролна.

Треба да знаете
Последни објави