Search

„Титаник” одложен поради отсуство на Кирил Божиновски

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник” продолжува на 5 март поради отсуство на обвинението Кирил Божиновски.

На денешното рочиште требаше да бидат сослушани тројца сведоци, кои се повикани за следното рочиште заедно со уште шест редовно закажаножи сведоци.

Адвокатите на обвинетиот Кирил Божиновски, го информирале судот дека тие заедно со клиентот учествуваат на закажаната главна расправа по предметот „Талир 2″.
Судот констатира дека на 24 февруари е доставен поднесок од Божиновски дека пред судот е закажана расправа по друг предмет во кој е тој обвинет.
Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.
Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник” обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Треба да знаете
Последни објави