Search

Тирана: Уапсен граѓанин на Косово со лажен македонски пасош поради сомнеж дека е терорист

Во Албанија е уапсен Ф.Д. (32) граѓанин на Косово поради сомнеж дека се борел на страна на терористички групи, соопшти денеска албанската полиција.

Тој е уапсен врз основа на потерница, издадена од косовската полиција, на пристаништето во Валона со лажен македонски пасош.

Како што се наведува, претставници на приштинските институции тврдат дека ниту еден жител на Косово не се придружил на терористички групи во Сирија и Ирак во последните три години, а во тие држави се наоѓаат околу 160 граѓани на Косово, кои се борат на страната на екстремистите.

Треба да знаете
Последни објави