Search

Тирана „окупирана“ од стотина илјади навивачи на Рома и Феенорд

Тирана, албанската престолнина каде утревечер (21ч) ќе се одигра првото финале од новоформираното европско клупско натпреаврување Конференциската лига во кое за  историскиот трофеј ќе се борат екипите на италијанската Рома и холандскиот Феенорд е „окупирана“ од стотина илјади навивачи на овие два клуба. Стадионот Ер Албанија ќе биде претесен да ги прими сите пристигнати навивачи на финалистите. Во чест на овој настан албанската влада го прогласи 25-ти мај за државен празник.
Албанската полиција очекува нереди и тепачки и затоа се распоредени повеќе од 10 илјади припадници на полициските сили да го одржуваат редот во градот.
Иако ова е трето по ранг европско натпреварување очигледно е дека желбата за освојување на пехарот на УЕФА е голема.  Тоа го потврди и првиот стратег на Рома, Жозе Мурињо
Кој изјави дека големите клубови мора сериозно да го сфатат новото европско натпреварување – Лигата на конференции.
И додека Рома има само еден европски трофеј во Купот на саемските градови, Феенерод е многу поуспешен и има титула од Лигата на европските прваци и двапати го освои купот на УЕФА како и интерконтиненталниот куп во 1970-тата година.
Треба да знаете
Последни објави