Search

Типови на мажи кои треба да ги избегнувате

Трнлив е патот на љубовта, особено додека го запознаете вистинскиот за вас. Женкари, мамини синчиња, чудни типови се дел од тој пат, а на прв поглед изгледа дека нормалните мажи се редок вид.

Овие совети се за полесно да ги воочите и избегнете типовите на мажи кои им се одбивни на жените.

1. Безобразник кој ве уверува дека е саркастичен

Има и такви луѓе кои мислат дека се саркастични и хумористични, но ве обвинуваат дека не им го сфаќате хуморот. А, всушност станува збор за недуховит и безобразен тип кој ни самиот не разбира што зборува. Секој пат кога ќе изговори нешто, вам ви доаѓа да му врзете шлаканица. Не треба друга причина зошто не треба со него да излезете на втор состанок.

2. Скржавец кој истовремено се фали

Одбива да ја плати сметката и во евтин ресторан, но се фали дека одлично заработува, набројува што поседува и слично. Гледа на часовникот што пократко да седите во ресторанот за да не нарачате кафе и десерт по јадењето. Нема ништо лошо во делењето трошоци по некое време, но ако на првиот состанок вака се однесува, изгледа не му оди баш најдобро како што се фали.

3. Бившиот со чудни финти

Иако имате добри причини зошто не треба да се гледате повторно со бившиот, сепак некогаш се прават исклучоци. Но, ако ви се јави или ви пише порака со некој чуден изговор или финти кои предизвикуваат чувство на непријатност кај вас, најдобро е да го игнорирате.

4. Тип кој вели: „Извини, заспав“

Откако сте се договориле за состанок и одите на закажаното место, а од него ниту трага, ниту глас, па ниту порака. По половина час му се јавувате и прашувате каде е, а тој со студен тон ви вели дека заспал. Тоа е многу јасен показател дека не му е баш до вас особено ако станува збор за прв состанок. Замислете каков изговор би смислил за вториот состанок.

Треба да знаете
Последни објави