Search

Тинејџерот Гринвуд го запиша своето име во историјата на Јунајтед

– Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд е најмладиот играч по 36 години кој постигнал 10 гола во една сезона за „црвените ѓаволи”.

За време на победата на Јунајтед од 6-0 против третолигашот Транмере, 18-годишниот Гринвуд постигна еден од погодоците, со кој веќе има 10 од почетокот на сезоната.

Ова го направи најмладиот играч на клубот кој остварил слично достигнување, по Норман Вајтсајд во 1984 година.

Гринвуд има забележано 34 натпревари оваа сезона, 13 од нив како носител.

Треба да знаете
Последни објави