Search

Тинејџерка го закопала живо новороденото бебе, го спасило куче кое го надушкало

Тинејџерка го закопала живо новороденото бебе, но го спасило куче кое го надушкало. Неверојатната ситуација се случила во северниот дел на Тајланд.
Според информациите, бебето на светот го донела тинејџерка (15) која криела од своите родители дека е бремена, па по раѓањето на детето живо го закопало на поле во селото Бан Нонг Кам.

За среќа, нешто подоцна по полето поминал Уса Нишаикша, кој го водел сос себе својот пес. Одеднаш, кучето почнало да лее и копа по земјата по што Уса ја забележал ногата на новороденчето. Со брзата реакција на мештаните, бебето било однесено во болница каде што е утврдено дека нејзиното здравје не е нарушено.

Подоцна било откриено која е мајката, а против неа беше покрената обвинение за напуштање на дете, но и за обид за убиство. Таа рекла дека жли за тоа што го направила, а грижата за бебето ја прзеле нејзините родители со кои живее тинјџерката.

Што се однесува до херојот на приказната, кучето по име Пинг-понг, неговиот сопственик изјавил дека го пронашол повреден на улицата, удрен од автомобил, поради што целосно ја изгубил можноста за користење на еден од шапите.

-Послушен е и секогаш ми помага кога ја носам стоката на паша на полиња. Целото село го сака, тоа е неверојатно, рекол Уса.

Треба да знаете
Последни објави