Search

Тинејџери во Лондон претепале рабин, извикувајќи „Убијте ги Евреите“

Израелски рабин кој дојде да ја посети еврејската заедница во Велика Британија беше брутално нападнат во петокот, истиот ден кога исламистичкиот терорист на Лондонскиот мост прободе голем број луѓе со нож и уби двајца. Како што пренесува „Ерусалим пост“, рабинот бил оставен да крвари на улица. Рабинот не беше именуван. Нападот се случил во паркот Амхерст околу 9,45 часот во петокот, во време кога православните Евреи не го користеле телефонот заради прописите на шабат.

„Високиот рабин во посета на Велика Британија беше цел на непровоциран напад и тепање, додека двајцата напаѓачи извикувале ‘Убијте ги Евреите’“, извести волонтерската еврејска организација Шорим, која патролира и го следи криминалот како проактивна соседска стража во еврејската заедница во Велика Британија.View image on TwitterView image on Twitter

Еврејскиот портал ColLive пишува дека двајца тинејџери се опишани како црнци кои носат темна облека со качулка.

Рабинот, пак, се вратил во Израел, пренесува Ерусалим Пост. Нападот бил пријавен во полиција, но не се верува дека е поврзан со терористичкиот напад на мостот Лондон.

Овој напад врз рабин е само последниот во загрижувачкиот бран на антисемитски инциденти во Велика Британија.

Треба да знаете
Последни објави