Search

Тимошенко: Покренуваме импичмент за Порошенко поради големопредавство

Кандидатката за претседател на Украина Јулија Тимошенко најави почеток на отповикување на актуелниот претседател Петро Порошенко, откако беше објавен текст за неговите, наводно, огромни проневери во војската.

– Материјалот кој го објавија новинарите спаѓа во членот 112 од Кривичниот закон, а тоа е големопредавство, изјави Тимошенко.

Уставот дозволува да се покрене импичмент ако Претседателот се товари за големопредавство или друго кривично дело. За да се покрене процедурата, Парламентот е должен да оформи привремена истражна комисија, која ќе ги собере сите факти. Потоа, Врховната Рада со 226 гласови или повеќе треба да донесе решение за поднесување тужба против Претседателот, а потоа се неопходни 300 гласови за почеток на постапката на импичмент. Уставниот суд пред тоа мора да донесе заклучок за законитоста на постапката, а Врховниот суд да потврди дека шефот на државата навистина сторил кривично дело.

Претседателските избори во Украина се закажани за 31 март.

Групата украински независни истражувачки новинари  Бихус.инфо неодамна објави материјал во кој е разоткриена шема на големи кражби во украинскиот систем на одбрана. Авторите на текстот тврдат дека во проневерата биле вклучени функционери блиски до Порошенко. Тие наводно од 2016 година на украинските одбранбени фирми им продавале резервни делови за воена опрема со маржа од 300 отсто. Тие наводно кримчареле стока од територијата на Русија или ја купувале во воени складишта во Украина и на тој начин се здобиле со профит од над девет милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави