Search

Тимоние шокиран од „Рекет“

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние во интервју за Алсат ја нагласува потребата за целосна истрага за случајот „Рекет“ со цел да се врати довербата во правдата и во институциите.

-За нас тоа беше шок, од кој се стаписавме, како и македонската јавност…Тешко е да се предвидат сите можни исходи во овој момент. Сепак, сметаме дека тоа е тежок и многу важен случај, бидејќи во времето кога го направивме Пржинскиот Договор, и ние заедно со другите претставници, присуствувавме кога беше формирано Специјалното јавно обвинителство. Тоа беше важен елемент во обновувањето и враќањето на кредибилитетот на државата и судството.Од обвинувањата што ги слушаме за ова прашање може да се заклучат две работи: или станува збор за клевета која мора да се повлече во интерес на засегнатото лице, како и во интерес на институцијата или тоа е нешто што треба да биде подлабоко истражено.Јасно е дека за доброто на државата, заради правдата, мора да се направи темелна и вистинска истрага, за да нема простор за загриженост што би биле штетни за сите, вели амбасадорот.

Тој смета дека е добро решение спојувањето на Специјалното обвинителство со Обвинителството за организиран криминал. Тој вели дека датумот на преговори зависи од борбата против корупцијата и исполнувањето на реформите.

https://youtu.be/Hhi7XQznBhk

Треба да знаете
Последни објави