Search

Тиквеш сака плеј-оф, потпиша со среден бек од Србија

ГРК Тиквеш откако стана јасно дека се нови суперлигаши се активни на трансфер пазарот. Веќе донесоа десен бек од Србија Вања Смиљаниќ, а друштво во Кавадарци ќе му прави сонародникот Душан Медиќ.

Кавадарчани со новите засилувања атакуваат на плеј-оф а со тоа значи најпрво опстанок во Суперлигата. Душан Медиќ е поранешен кадетски и младински репрезентативец на Србија и настапува на средната бековска позиција. Медиќ во Кавадарци доаѓа од српскиот тим Раднички Крагуевац.

Тиквеш претходно ги продолжи договорите со искусниот Јане Јанчев и десниот бек Ѓоршовски и донесоа искусен пикер во името на Пеце Ѓорѓиевски.

Треба да знаете
Последни објави