Search

Тиго Фајнанс, ексклузивен партнер на Skopje Beer Fest

– Под мотото „Кога велам пријател, мислам на тебе“, Тиго Фајнанс се приклучи во реализацијата на еден од најпосетуваните музички настани во Скопје – Skopje Beer Fest, кој годинава се одржуваше од 12-ти до 15-ти септември на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

Со богата четиридневна програма исполнета со врвни македонски и регионални музички имиња, годинава Фестивалот доби и своја „Tigo Friendship Zone“, каде посетителите можеа да се забавуваат со своите пријатели, да ја играат интересната „Тиго/X“ игра и да добијат интересни и корисни изненадувања, како и да ги овековечат своите моменти од дружбата со своите пријатели.

„Tigo Friendship Zone“ го привлече вниманието на голем број посетители кои не одолеаја на предизвикот да ја заиграат интересната верзија на една од најпознатите игри – X/0, т.н. „Тиго/X“,

 

 

Преку партнерството со Пасворд Продакшн, Тиго Фајнанс ги потврдува своите заложби за промоција и поддршка за создавање и одржување квалитетни содржини за младите луѓе во доменот на музичката уметност и културата. Партнерството продолжува и за претстојниот Таксират, а посетителите можат да очекуваат бројни квалитетни содржини и уште многу изненадувања.

До услугите на Тиго Фајнанс клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk или во некоја од 26-те филијали ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – oдговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути. Дополнително, првата апликација е бесплатна, односно првиот кредит до 20 илјади денари е со 0% каматна стапка.

 

 

 

Повеќе информации за Тиго Фајнанс се достапни на веб страницата www.tigo.mk или на телефонскиот број 13 700.

Треба да знаете
Последни објави