Search

ТигоФајнанс – две години синоним за достапност и брзина во финтек индустријата

ТигоФајнанс одбележува две години од своето работење на македонскиот пазар. За овој релативно краток период,компанијата успеа да постигне значителни резултати и да внесе позитивни промени во целокупниот финансискисектор, иако припаѓа на индустрија која има скромни 0,44% удел во вкупните средства.

Во досегашнотоработење, ТигоФајнансја презеде пионерската улога кога станува збор за достапност на услугите на небанкарските финансиски друштва, како и за подигнување на стандардите за брзината и ефикасностaна индустријата, овозможена од дигиталните и технолошки напредни алатки за детална и сеопфатна проценка на кредитоспособноста на лицето кое аплицира. Заложбите на Тиго за обезбедување на врвно корисничко искуство преку понуда на услуги кои ги пресретнуваат потребите за финансиски средства во најпотребните моменти и градење на взаемна доверба со клиентите, го прават Тиго еден од трите водечки „Topofmind“ брендови во финтек индустријата.

“Ни претставува особено задоволство што денес гордо можеме да се пофалиме со нашите достигнувања за само две години. Со нашето влегување на пазаротвоведовме сосема ново ниво и стандарди за корисничка услуга и достапност на небанкарските финансиски услуги, и понатаму придонесувајќи за финансиската инклузија на општеството.Покрај понудата на услуги кои се потребни, па дури и неопходни за граѓаните, нашата улога и важност е евидентна и преку влијанието што како компанија го имаме врз социјалните и економските параметриво земјата, како и нашиот придонес кон општествените вредности. Врз основа на постигнатите резултати и целите за следната година, остануваме одговорен кредитор, со уште поамбициозни планови за развој на бизнисот и индустријата, зголемена динамика на активности и иновации, како и континуирани инвестиции во заедницата”, изјави Филип Димитровски, извршен директор на ТигоФајнанс.

Во насока на проширување на достапноста на услугите на ТигоФајнанс, согласно барањата и потребите на клиентите, компанијата во 2019 г. започна процес на експанзија на својата продажна мрежа и отвори нови 16 филијали, достигнувајќи продажна мрежа од 26 филијали во 19 градови. Со тоа, компанијата дополнително го потенцираше својот приоритет за обезбедување на супериорна корисничка грижа за клиентите на сите канали кои тие ги преферираат, дигитални и физички.

Трендот на раст на деловните операции беше проследен и со пораст на директното и индиректното влијание на компанијата врз економијата.Тиго денес обезбедува стабилни приходи за повеќе од 100 вработени, а со своето работење придонесува 23,8 милиони денари кон државниот буџет, преку  ДДВ, персонален данок, данок на добивка и социјални придонеси.

До денес, Тиго оствари соработка со над 250 добавувачи, реализирајќи плаќања кои достигнуваат и до 70 милиони денари и кои индиректно придонесуваат кон одржливост на нивните приходи и вработување.

ТигоФајнанс е едно од друштвата основачи ичлен на Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија, чии цели се заштита и едукација за правата на клиентите, како и регулација и развој на финтек индустријата.

Повеќе информации за услугите на ТигоФајнанс се достапни на веб страницата www.tigo.mk или на телефонскиот број 13 700.

Треба да знаете
Последни објави